Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со директорката на ИФЕС за Северна Македонија, Јоана Косма, на која се разговараше за процесот на изборните реформи и следните чекори за унапредување на изборното законодавство.

Во фокусот на разговорите беа потребата од инклузивен дијалог и вклучување на сите засегнати страни со цел зајакнување на довербата во изборниот процес. Министерството за правда веќе презеде чекори за обновување на соработката меѓу политичките чинители преку неодамнешните консултации со парламентарните партии.

Шасивари нагласи дека реформите не можат да бидат едностран процес: – Изборната реформа не може да биде едностран процес и нејзиното унапредување бара континуирана комуникација, подготвеност да се слушнат аргументите на сите страни и пристап насочен кон градење консензус – истакна министерот.

На средбата се разговараше и за можностите за искористување на стручната експертиза и искуството што ИФЕС ги поседува во оваа област со цел да се придонесе кон успешна реализација на реформските процеси.

Exit mobile version