35-годишна жена од Тетово е лишена од слобода по пријава дека физички ја нападнала својата 19-годишна ќерка. Случајот е пријавен во полиција, а во него се вклучени и јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово.
Од СВР Тетово информираат дека на 5 октомври во 23:40 часот од слобода била лишена З.М., откако било пријавено дека физички ја нападнала својата ќерка.
Според пријавата на 19-годишната девојка, нејзината мајка го запоставувала и малтретирала нејзиното десетмесечно бебе.
За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово, кои ќе постапуваат во рамки на своите надлежности.
Од МВР додаваат дека по целосното документирање на случајот против З.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.


