Коалицијата ВРЕДИ упати остри критики до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по неговите ставови за регионалната соработка и концептот „Отворен Балкан“.
Од ВРЕДИ велат дека Ахмети продолжува да го поддржува овој регионален проект, наместо да се залага за посилно поврзување со Косово и Албанија.
Во реакцијата, коалицијата ја критикува Србија поради непризнавањето на независноста на Косово, како и поради тоа што, според нив, не презела одговорност за настаните од 1999 година. Го споменуваат и случајот во Бањска, обвинувајќи го Ахмети дека не се огласил во врска со него.
Од ВРЕДИ нагласуваат дека определбата на Владата е зајакнување на врските со Албанија и Косово преку Коридорот 8, автопатот Скопје – Блаце, патниот правец Тетово – Призрен и проектот „One Stop Shop“ на граничните премини.
Во партиската реакција се наведува дека националните прашања не треба да бидат предмет на политички, групни или семејни интереси.
ВРЕДИ упатува и обвинувања за сомнителни трансакции, при што ја споменува и Алта банка.

