Врчак едвај собра сила да се прости од Андреј ДНК: Уште не можам...
Македонскиот пејач Раде Врчаковски Врчак кој е не само соработник, туку и пријател на ДНК, собра сила и се огласи по големата трагедија во Кочани, во дискотеката Пулс, каде загуби многу пријатели.
- Последната песна со Андреј… Јас до вечерва неможев да слушам музика, неможев ни на facebook да гледам ништо… Уште неможам, уште закрепнувам ама пред малку ја пуштив да ја слушнам последната песна со Андреј што ја снимавме неколку дена пред да загине - кога му го слушнав гласот ме врати во живот цела љубов и позитивна енергија на Андреј ми се врати во душата, а цела тага ми се претвори во уште поголема љубов, напиша Врчак на Фејсбук на 10. април.
Тој сподели и неколку фотографии и спомени со ДНК.
Сподели и емотивна фотографија со Андреј од ДНК, кој е еден од трагично настраданите на 16. март.
- Јас и Андреј (2025). Да е вечен низ бесконечноста Андреј…. Андреј и Панчо постојано ме молеа да почнам да правам настапи затоа што велат DNK кога имале настапи сите луѓе цело време ме барале - дури и со солзи и плачења јас им велев да завршам со се за во Америка и може нешто да направиме. Неможев да го одбијам Владимир и настапив на неговиот роденден лани со DNK во Охрид, неможев да ги одбијам и за новогодишната прослава, и неможев како другар да ги одбијам за затварање на Станица 26 каде Панчо работел (велам не ме ставајте во реклама да не случајно стане ептен хаос и доаѓам)… тоа беа моите последни настапи со Aнедеј. Во душата ми е Андреј, Андреј секогаш ќе е жив во нас…напиша Врчак.
Андреј Ѓорѓиески, пејачот од дуото ДНК, беше погребан на градските гробишта Бутел на 20 март.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа