Close Menu
Press24
    Најново

    Вработени во Кривичен примале мито за да издејствуваат ослободителна пресуда: Обвинителството им ја откри шемата

    25.04.2026 во 11:05

    Пекол во Украина: 15 лица во болница по ноќните руски ракетирања

    25.04.2026 во 11:02

    Николоски: Инвестираме 5 милијарди евра во изградба на патишта и железници

    25.04.2026 во 10:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вработени во Кривичен примале мито за да издејствуваат ослободителна пресуда: Обвинителството им ја откри шемата
    • Пекол во Украина: 15 лица во болница по ноќните руски ракетирања
    • Николоски: Инвестираме 5 милијарди евра во изградба на патишта и железници
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче слепо го следи Заев и глуми патриот
    • Подгответе се: Делови од Скопје без струја
    • 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата – објавена е јавната набавка
    • Жичницата кон Водно викендов нема да работи
    • Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вработени во Кривичен примале мито за да издејствуваат ослободителна пресуда: Обвинителството им ја откри шемата

    Вработени во Кривичен примале мито за да издејствуваат ослободителна пресуда: Обвинителството им ја откри шемата

    25.04.2026 во 11:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредби за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание.

    Осомничените – судски полицаец и доставувач од Основниот кривичен суд Скопје, во периодот од август 2025 година до 07.04.2026 година директно примиле награда во паричен износ од 500 евра и 60 000 денари од сведок, за посредување на судскиот полицаец во повисоките судови со цел да издејствува ослободителна пресуда.

    Сведокот, кој поднел жалба против првостепена пресуда со која бил огласен за виновен и осуден на казна затвор во траење од една година, преку сосед стапил во контакт со осомничениот доставувач, кој го упатил кај судскиот полицаец како лице што може да посредува.

    Судскиот полицаец кој бил претставен како лице кое долги години работи во судот и има контакти со судиите во сите степени, при што може да ургира пресудата да биде заменета со ослободителна. Убеден во неговото влијание, сведокот во текот на 2025 година на доставувачот му предал 500 евра со цел истите преку судскиот полицаец да бидат предадени на судија од Апелациониот суд Скопје кој би донел ослободителна пресуда.

    Во текот на 2026 година, сведокот на осомничениот судски полицаец му исплатил 30 000 денари како награда за посредувањето. Откако Апелациониот суд Скопје ја потврдил првостепената пресуда, сведокот преку својот бранител поднел вонреден правен лек пред Врховниот суд на РСМ. На 07.04.2026 година сведокот на осомничениот полицаец му исплатил уште 30.000 денари како награда за наводно посредување пред судиите на Врховниот суд кои треба да одлучуваат во постапката.

    Ценејќи дека се исполнети законските услови за определување на мерка притвор, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог што беше делумно прифатен. Со решение на судот на осомничениот судски полицаец му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на доставувачот му е определен куќен притвор, за што предметниот обвинител незадоволен од одлуката на судијата достави жалба.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.