Вознемирувачко видео: Тинејџерско насилство во Америка, во масовна тепачка учествувале 150 луѓе

 

Тинејџерска тепачка снимена со мобилен телефон во трговски центар во Сан Франциско предизвика големо внимание во јавноста, бидејќи насилството е брутално и во конфликтот учествувале голем број млади луѓе.

Полицискиот надзорник Мирна Мелгар, рекол дека имало два големи инциденти во трговскиот центар во изминатата недела,  едниот во кој учествувале околу 50 луѓе , а другиот со околу 100 лица. Во судирите биле повредени двајца малолетници.

Група млади нападнале едно лице во продавница, а оштетениот се бранел со раце додека бил удиран. По кратко време избил уште еден конфликт, а не е јасно дали се работи за истата група. Две жртви биле нападнати, иако напаѓачите главно се фокусирале на едно младо лице.

Очевидци изјавиле дека не знаат зошто децата скокнале врз двете жртви, ниту пак знаат дали напаѓачите ги познавале.

Вработените рекле дека во последнава година вообичаени се тепачки во трговскиот центар во среда и петок.

Полицијата во Сан Франциско не соопшти дали привела некого. Тие рекле дека само ги зголемуваат патролите во трговскиот центар.

23.03.2023 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа