Почина 30-годишникот при пукотниците денеска на Бит Пазар

 

Алајдин Сулејмани, 30-годишен од Арачиново им подлегна на тешките повреди кои ги здоби пред неколку часа од истрели во близина на Полициската станица Бит Пазар. Младиот маж почина во операциона сала на Државната клиника во Скопје, пишува весникот „Коха“.

Настанот се случил денес, по петочната молитва, кога засега непознати лица испукале неколку куршуми кон 30-годишникот, кој бил погоден во глава, граден кош и други делови од телото.

Алајдин бил итно пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Полицијата истражува дали денешното пукање има поврзаност со физичка пресметка меѓу две групи што се случила пред околу две недели.

„Денес (25.04.2025) околу 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата ‘Војдан Чернодрински’, во реонот на Бит Пазар, имало истрели од огнено оружје. На местото на настанот излегле полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар, кои констатирале дека станува збор за вооружена пресметка, при што едно лице било тешко повредено и транспортирано во Ургентниот центар при Клиничкиот комплекс ‘Мајка Тереза’. На местото на настанот биле пронајдени повеќе чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Инаку, Алајдин е син на покојниот Назми Сулејмани – Командант Аруша од Арачиново.

25.04.2025 - 17:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега