Го фатија: Возачот кој во Охрид удри пешак и избега заврши во полиција
Во СВР Охрид синоќа во 22.40 часот е пријавено дека на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, патничко возило удрил во пешакот Е.С.(59) од Охрид и го напуштило местото. Пешакот бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
По преземените мерки, соопштија денеска од МВР, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за патничко моторно возило „фолксфаген ап“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.П.(24) од Охрид. По извршено алкотестирање, кај возачот и пешакот не е утврдено присуство на алкохол во организмот.
По овластување на јавен обвинител увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, додека по целосно документирање на случајот против С.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа