ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ: Крв на асфалтот пред поликлиниката во Железара - тука бил нападнат докторот
Матичен доктор вчера вечерта бил убиен пред поликлиниката во скопска Железара. Според информациите до кои дојде Сител од полициски извори, докторот во се уште нејасни околности бил нападнат со нож. Неговото тело го пронашол неговиот син кој веднаш повикал полицијата. Според неофицијалните информации кои ги добивме од очевидци на докторот му биле нанесени дури 9 убодни рани.
Полициски извори за Сител потврдуваат дека се случило убиство иако од МВР се уште ја чекаме официјалната информација. Според нашиот извор, полицијата се уште не го знае идентитетот на напаѓачот но интензивно се трага по него. Увидот на терен се уште трае, таму е и наша екипа, детали очекуваме во пладневните вести
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа