Вонредна состојба е прогласена на северот на Словачка поради опасност од мечки

Во неколку области на северот на Словачка е прогласена вонредна состојба поради појавата на таканаречените синантропски мечки, мечки кои се навикнале да живеат во близина на луѓе.

Вонредната состојба се однесува на окрузите Липтовски Микулаш, Ружомберок, Жилина, Мартин и Турчијанске Теплице (сите во регионот Жилина), Попрад и Кежмарок (и двете во регионот Прешов), објави ТАСР.

Се очекува дека ќе биде прогласена вонредна состојба во уште неколку окрузи во регионот Банскобистрица и некои области во регионот Тренчин.

Словачкиот министер за внатрешни работи Матус Шутај Ешток изјави дека целта на прогласувањето на вонредна состојба е да се заштитат луѓето кои живеат во градовите.

„Ова ќе овозможи и полициските тимови и тимовите за справување со мечки подобро да одговорат на зголемената појава на мечки“, посочи тој.

„Ударните тимови за мечки ќе бидат засилени и сакаме јасно да им гарантираме на луѓето дека државата е таму за да ги заштити“, рече Шутај Ешток.

Зголемувањето на бројот на насилни средби меѓу мечки и луѓе е последица на навикнувањето на мечките на присуство на луѓе во одредени области, изјави министерот за животна средина Томаш Тараба.

21.03.2024 - 23:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега