Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нападнат вработен во бензинска пумпа
    • „Гугл“ казнет со 403 милиони евра за следење на локацијата на корисниците
    • Софија Лорен го слави 92. роденден: Еден маж го одбележа целиот нејзин живот
    • Мисајловски: Зацврстувањето на одбранбените односи е уште еден силен импулс за јакнење на регионалната безбедност
    • Почина синот на Синди Крафорд, манекенот Пресли Гербер, имаше 27 години
    • Мицкоски разговараше за вложувања на американската воена индустрија
    • На тезга продавал пиротехника – заврши во станица
    • Невиден ужас во Австралија: Мајка избоде три деца – едното почина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник

    Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник

    06.11.2025 во 20:111 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Украински суд првпат осуди руски војник на доживотен затвор поради егзекуција на украински воен заробеник, соопшти денеска Службата за безбедност на Украина (СБУ).

    – Ова е прва пресуда во историјата на Украина во која окупаторската сила е осудена на таква казна, особено поради егзекуција на војник од одбранбените сили, се наведува во соопштението на СБУ.

    Осомничениот, 27-годишен руски државјанин по име Дмитриј Курашов, е обвинет дека на 6 јануари 2024 година пукал и убил украински војник кој останал без муниција и се предал, во близина на селото Прјунтне во делумно окупираната област Запорожје, на југот на Украина.

    Курашов истиот ден бил заробен од украинските сили заедно со уште четворица припадници на неговата единица, наведува СБУ.

    Украинските власти посочуваат дека осомничениот претходно бил затворен во Русија поради кражба, пред да се приклучи на армијата во ноември 2023 година во замена за амнестија.

    Курашов е прогласен за виновен за „кршење на законот и обичаите на војната и доброволно убиство“.

    Од почетокот на руската инвазија врз Украина пред повеќе од три и пол години, Москва и Киев редовно се обвинуваат меѓусебно за убиство на воени заробеници.

    Прочитај повеќе

    Невиден ужас во Австралија: Мајка избоде три деца – едното почина

    21.09.2026 во 22:27

    Србија се подготвува за избори: Досега потврдени 11 кандидатски листи

    21.09.2026 во 22:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.