Во сопственост на еден од најбогатите Руси – златен кафез: Јахтата која често може да се види на Јадранот, а за која не смее да се зборува

Прозорци отпорни на бомби, транспарентен под, базен, како и скапоцени материјали се само дел од вредноста на оваа јахта во сопственост на еден од најбогатите Руси на светот.

Мегалуксузната јахта на рускиот богаташ Андреј Мелниченко привлекува погледи каде и да се појави, но на јавноста ѝ е дозволено да ја види само од надворешната страна.

„Изгледа како гусарски брод од иднината“ или „Никогаш не сме виделе такво нешто“, се само дел од коментарите кои можеле да се слушнат на хрватското крајбрежје кога локалните жители и туристите го виделе ова парче луксуз.

Јахтата е долга 142 метри, а патниците на располагање имаат осум палуби. Необичните закривени јарболи високи се дури 100 метри.

Но, тој златен кафез за кој многумина велат дека крие неопислив луксуз не е достапен за гледање во внатрешноста.

Оние кои за среќа имале можност да ѕирнат внатре не смеат да откриваат детали во јавноста, односно тоа им е забрането.

„Јахтата А“, за која се претпоставува дека името му го должи на својот сопственик е вредна околу 400 милиони долари, додека пак неодамна во нејзиното присуство уживале жителите на Сплит.

Инаку, ентериерот на јахтата го потпишува францускиот дизајнер Филипе Страк.

Дел од внатрешноста на јахтата објавил британскиот магазин „The Sun“, а истата има прозорци отпорни на бомби, базен и теретана како и скапоцени материјали кои се само дел од вредностите на јахтата.

07.09.2021 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега