Многу топло време во Македонија, денес се измерени 40 степени

 

Многу топлиот бран од Африка во нашата Македонија и денес (среда 25 јуни) донесе многу топло време. Највисока максимална температура денес беше измерена во Скопје Петровец, и тоа 40 степени.

Времето преку целиот ден беше стабилно, суво и сончево со мала локална облачност  и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

На метеоролошката карта можете да ги погледнете денешните температури измерени во нашата Македонија. Станува збор за измерени максимални дневни температури на воздухот за денешниот ден (среда 25 јуни).

25.06.2025 - 23:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега