Подгответе се за невреме после топлотниот бран: Детална прогноза до крајот на неделата

 


Утре и во петок ќе се задржи многу топло време. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени целзиусови, а наместа се очекува утре да надмине и 40 степени. Вредноста на UV индексот ќе биде 9, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во петок попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на
град.

Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за 5-7 степени во споредба со утрешните.

25.06.2025 - 12:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега