Прилепчанецот кој усмрти жена во Охрид немал возачка дозвола, автомобилот му го дал охриѓанец: Двајцата одат зад решетки
СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С.(22) од Прилеп, со престој во Охрид и К.М.(19) од с.Лескоец, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
На 19.06.2025, второпријавениот му овозможил на првопријавениот да го управува неговото патничко возило „голф“ без да поседува возачка дозвола и притоа со возилото удрил двајца пешаци, од кои едниот починал.
На двајцата им е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.
25.06.2025 - 13:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа