Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Софија
    • Филипче: Земјоделците се оставени сами – откупните цени се понижувачки
    • Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа
    • „Џемини“ на Гугл хакирал три компании за време на тест за кибер безбедност
    • Илхан Ќучук: Потребна е јасна политичка посветеност на ЕУ кон Балканот
    • Загина пензионер – паднал од мопед
    • СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери
    • Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во најелитното основно училиште во Скопје од утре настава ќе почне онлајн – не завршиле градежните активности

    Во најелитното основно училиште во Скопје од утре настава ќе почне онлајн – не завршиле градежните активности

    31.08.2026 во 14:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Учениците од четврто до деветто одделение во ООУ „Киро Глигоров“ во Општина Центар новата учебна година ќе ја започнат со настава од далечина, поради градежни активности што се реализираат во дел од училишниот објект во рамки на Проектот за унапредување на основното образование (ПЕИП).

    Од Општина Центар информираат дека активностите ги спроведува Министерството за образование и наука, кое ги обезбедува финансиските средства, проектната документација, надзорот и изведувачот на работите.

    Според првичната динамика, градежните зафати требало да завршат пред почетокот на учебната 2026/2027 година, но поради тоа што работите сè уште се во тек, училиштето побарало организација на онлајн настава за учениците од четврто до деветто одделение.

    Министерството за образование и наука дало согласност наставата привремено да се реализира од далечина до создавање услови за безбедно одвивање на наставниот процес со физичко присуство.

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека приоритет е учебната година да започне непречено и во безбедни услови.

    – Најважно е децата да бидат безбедни и наставата да започне без дополнителни одложувања. Бидејќи градежните активности што ги реализира Министерството за образование и наука сè уште не се завршени, учениците од четврто до деветто одделение времено ќе следат онлајн настава. Од МОН побаравме информација за точниот рок и динамиката за завршување на работите, затоа што очекуваме тие да бидат завршени во најкус можен рок и учениците што побрзо да се вратат во училишните клупи – истакна Герасимовски.

    Од Општина Центар посочуваат дека ќе останат во постојана комуникација со училиштето, родителите и Министерството за образование и наука, со цел учениците што поскоро да продолжат со редовна настава во училишните простории

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси

    18.09.2026 во 21:33

    Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година

    18.09.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.