Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во јануари нови избори во четирите општини во кои немаше цензус

    Во јануари нови избори во четирите општини во кои немаше цензус

    30.10.2025 во 12:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Изборите за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и во Центар Жупа пропаднаа, бидејќи на гласање на 19 октомври не излегоа доволен број гласачи.

    Според законот, за изборите да бидат успешни, потребна е излезност од најмалку една третина, или 33,33% од запишаните граѓани во Избирачкиот список, услов што не беше исполнет.

    Ова значи дека во четирите општини ќе мора да се организираат целосно нови избори.

    Целата постапка ќе се повтори од почеток – од распишување избори, преку поднесување кандидатури и водење кампања, до ново гласање.

    Најверојатно, новиот термин за гласање би бил во првата половина на јануари 2026 година.

    Како клучна причина за неуспехот се посочуваат иселувањето и нереалниот Избирачки список. Податоците покажуваат дека во овие општини бројот на гласачи е поголем од бројот на резидентното население попишано во 2021 година.

    Иако и статистичарите и ДИК посочуваат дека Избирачкиот список и пописот се различни категории и не може да се споредат, сепак, јасно е дека илјадници граѓани ги има на хартија, но не и пред гласачките кутии.

    Ова сценарио не е непознато за Маврово и Ростуше и за Центар Жупа.

    Нивните избори пропаднаа и во 2021 година, а градоначалници беа избрани дури во третиот обид – на изборите во август 2022, период кога традиционално во земјава доаѓаат дел од иселените.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.