Во Гази Баба промовиран проектот „Твој службеник“

 
Во работата на општинската администрација на Гази Баба почна да се спроведува проектот „Твој службеник" чија цел е да ги открие проблемите на граѓаните од терен и нивно полесно решавање во рамките на локалната самоуправа, објави градоначалникот Бобан Стефковски.
 
- Идејата е граѓаните да може лесно и брзо да дојдат до решавање на проблемите со кои се соочуваат секојдневно.
Со реализирање на овој проект се олеснува начинот граѓаните да го пријават својот проблем и за истиот да добијат решение.
Проектот „Твој службеник“ ќе се реализира на следниот начин: Техничките секретари во Месните и Урбаните заедници три дена во неделата ќе бидат присутни во Месните и Урбаните заедници со цел евидентирање на проблемите на граѓаните, а два дена од неделата ќе бидат во општината со цел решавање на проблемите. Ги повикувам граѓаните да ја користат оваа можност, соопшти Стефковски.
 

03.02.2023 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа