Close Menu
    Најново

    По слаби врнежи денес, од утре постабилно време во цела земја

    07.12.2025 во 13:12

    Приказната за Силјан на Котевска триумфираше на IDA Documentary Awards во Лос Анџелес

    07.12.2025 во 13:09

    Се трага по исчезнатиот Зоран Трифуноски

    07.12.2025 во 13:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • По слаби врнежи денес, од утре постабилно време во цела земја
    • Приказната за Силјан на Котевска триумфираше на IDA Documentary Awards во Лос Анџелес
    • Се трага по исчезнатиот Зоран Трифуноски
    • Орбан со честитки до ВМРО-ДПМНЕ: По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа
    • Кавадарчанец возел дрво пијан: Заврши зад решетки
    • Хорор во Неготино: Маж ја претепал својата поранешна сопруга
    • Ивановски: Отстранет и првиот билборд од Железничката станица Скопје
    • Запленети над 3 тони кокаин наменет за Белгија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Во Центар Жупа не е обезбеден потребниот цензус

    Во Центар Жупа не е обезбеден потребниот цензус

    19.10.2025 во 20:46
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во Општина Центар Жупа не е обезбеден потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело кое изнесува 7551 лице, потврди за МИА, Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија.

    Во оваа општина во трка за градоначалник беа тројца кандидати, Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, кој се бореше за четврт мандат, Алил Емрула од Движење за национално единство на Турците и Инает Баки од Партијата за движење на Турците.

    Овие три партии, како и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаа кандидатски листи за девет члена на општинскиот совет.

    И на претходните избори во Општина Центар Жупа во двата круга на гласање не беше обезбеден потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело. 

    Владата потоа го наименува за повереник за вршење на работите од надлежност на градоначалник, актуелниот Аријан Ибраим.
     
    Тој на повторените избори на 17 април следната година, кога имаше еден противкандидат, доби околу 80 отсто од гласовите, но поради необезбеден цензус истите беа повторени на 20 август, кога другиот кандидат се повлече, па Ибраим,  го обезбеди третиот последователен мандат со над 80 отсто од гласовите.

    Во оваа печалбарска општина во Единствениот избирачки список се 7551 лице, а според пописот во неа живеат 3720 жители.

    Популарно

    ЈСП со важно соопштение до граѓаните

    05.12.2025 во 12:12

    Намалување на цените: РКЕ одлучи да ги намали надоместоците за Електродистрибуција, МЕПСО и МЕМО

    05.12.2025 во 12:02

    УЈП ги тресе угостителите: Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки – паднаа казни

    07.12.2025 во 10:44

    (ВИДЕО) Авион полн со патници се запали – Драма на аеродромската писта, луѓе врескаат во паника

    05.12.2025 во 10:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.