Внимавајте: Измама со логото на ЈСП се појави на социјалните мрежи - собираат лични податоци
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ попладнево ги информира граѓаните дека утврдена е измама со електронската картичка „скопска“ на социјалните мрежи, случајот бил пријавен во Министерството за внатрешни работи.
- ЈСП „Скопје“ утврди лажна вест со што е фалсификувано логото на електронската картичка „скопска“, објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена „Транспортна карта на град Скопје“. Се работи за измама со лажен линк, што краде податоци од платежните картички на граѓаните, пишува на веб-страницата на претпријатието.
21.08.2024 - 16:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа