ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче ја опустошија Македонија

 


За да одиме напред мора да знаеме факти за минатото. За да одиме напред мора да знаеме што ни остави претходната влада на СДС и ДУИ. Да видиме каде сме треба да знаеме од каде почнавме и што наследивме? За да оцениме дали сме задоволни треба да знаеме што се случувало? Реалноста која ни ја остави владата на СДС е корупција и криминал, руинирани институции, Македонија на дно во регионот по сите параметри и што уште не, листата е долга, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Што правеа додека беа на власт Венко Филипче и Зоран Заев? Додека Филипче и Заев беа на функции во централа власт ги интересираше само како да ги наполнат сопствените џебови. Нивните браќа пак подеднакво ги искористија функциите. Никола Филипче и Вице Заев заедно работеле како да се усвои енергетскиот пазар. Соларна централа на атрактивна локација од 23.000 метри квадратни на само петстотини метри воздушна линија од границата со Грција е направена рекордно брзо, а сите фази од пренамена на земјиште до одобрение за градба се направени во време кога Зоран Заев и Венко Филипче се во централна власт во Македонија, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека дополнително, во Петрич, Бугарија се вртат милионите на Венко Филипче.

„Место каде претходно се регистрирани фирми на фамилијата Заев. Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

02.10.2024 - 09:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега