Левица: Околу 700 образовни асистенти останаа без плата неколку месеци


Тоа што Владата ги остави децата со попреченост учебната година да ја започнат без образовни асистенти, изгледа како да не беше доволно. Околу 700 лични асистенти кои опслужуваат 1400 лица со попреченост, веќе неколку месеци не земале паричен надоместок. Поради ова, доколку заостанатите средства не се исплатат до петок, најавен е протест в сабота, велат од Левица.

„Десничарскиот прагматизам од партиите на олигархијата уште еднаш покажуваат негрижа за луѓето од оваа социјална категорија и оние кои нив ги опслужуваат. Платите на директорите на училиштата се зголемуваат драстично, додека за надоместот на работниците кои работат една од најхуманите работи со оваа специфична категорија на деца, дури и не се исплаќаат.

Потсетуваме дека поради задоцнети огласи за вработување на образовните асистенти, истите не можеа да ги придружуваат децата со попреченост на стартот на учебната година. Поради ова, за нив стартот на учебната година беше задоцнет.

Левица бара Владата до крајот на неделата да ги исплати задоцнетите средства на образовните асистенти! Политиките на партиско ухлебување мора да бидат прекинати! Ако има за директорите, ќе има и за асистентите! Во спротивно, на површина ќе излезе уште еден параметар по кој актуелната влада успева да биде полоша, дури и од претходната.

Најавуваме дека нашите активисти ќе го поддржат протестот!

Левица е на страната на работникот. Левица останува да стои рамо до рамо со угнетените и обесправените', стои во соопштението на Левица.

02.10.2024 - 10:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега