Лефков: Владата на СДС и ДУИ трошела милиони без да знае каде одат


Владата на СДС и ДУИ исплаќала пари за проекти за кои немала целосна евиденција дали средствата се потрошени за намената за која и се префрлени, Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

ДЗР во својот извештај за 2021 година нотира дека Владата на СДС и ДУИ за потпроектите кои се дел на Проектот за локална и регионална конкурентност, исплатата кон добавувачите ја врши од буџетот на Владата, при што Владата нема целосни информации за искористеноста на средствата за намената за која е планирана програмата како и податоци дали градежните објекти и опремата се целосно евидентирани како државен имот кај крајните корисници, рече Лефков.

„Владата на СДС и ДУИ префрлале милиони, а не знаела дали и како се потрошени средствата. Ова не е констатација на ВМРО-ДПМНЕ, ова го утврдил Државниот ревизор.

Неодговорното трошење на народни пари имало пандемиски размери. Власта на СДС и ДУИ очигледно е дека не водела сметка како и каде завршуваат парите додека завршуваат кај фирми блиски ним.

Власта на СДС и ДУИ со милионите за кои не знаат каде завршиле можеле да направат десетина градинки или да набават стотина амбулантни или возила за гаснење пожар.

Неодговорното однесување завршува. Неспособноста завршува со нив. Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи 100% одговорно за твојата иднина“, посочи Лефков.

02.10.2024 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега