ВМРО-ДПМНЕ: Во Брисел имаше фотосесија, за вистински старт треба промена на Уставот

 

Во Брисел имаше фотосесија, за вистински старт треба промена на Уставот и обезличување кое го прифати Ковачевски, а ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи. Нема почеток на преговори додека не се смени Уставот и спроведе бугаризација. Ковачевски ја стави Македонија во подредена положба и го услови почетокот на преговорите со промена на Уставот. Заради Ковачевски трајно се нарушени преговарачките позиции на Македонија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Ковачевски, од позиција на премиер ја стави Македонија во потчинета положба во однос на Бугарија. И проблемот кој Бугарија го имаше со нас, го направи проблем кој ЕУ го има со нас.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се реализира планот за бугаризација на Ковачевски. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи и нема да дозволи промена на Устав.

Македонија може подобро и Македонија заслужува подобро. А, предавникот Ковачевски ќе одговара за сите предавства, се вели во соопштението.

20.07.2022 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега