ВМРО-ДПМНЕ: Упатуваме искрено сочуство со семејството на г-ѓа Илинка Митрева

 

Од ВМРО-ДПМНЕ испратија телеграма со сочувство до семејството на Илинка Митрева.

„ВМРО-ДПМНЕ изразува длабоко жалење за смртта на г-ѓа Илинка Митрева, поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија и упатува искрено сочувство до семејството и најблиските. 

 
Илинка Митрева како поранешен пратеник, министер и политички и општествен чинител беше дел од поновата македонска историја. Таа делуваше во времињата кога без разлика на концептуалните и идеолошки разлики се опстојуваше од сите во промоција и заштита на националните и државни интереси на Република Македонија.
 
Нека почива во мир“, се наведува во телеграмата на ВМРО-ДПМНЕ.
01.08.2022 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега