Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Тандемот Абази-Коларевиќ функционира како СДС-ДУИ коалиција во Обвинителството

    ВМРО-ДПМНЕ: Тандемот Абази-Коларевиќ функционира како СДС-ДУИ коалиција во Обвинителството

    17.05.2026 во 10:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ преку официјално соопштение упати остри критики до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), лоцирајќи ја одговорноста кај шефот Ислам Абази и обвинителката Катерина Коларевиќ. Според партијата, овој „обвинителски тандем“ свесно донел скандалозна одлука за стопирање на истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, со цел да се заштитат луѓе блиски до опозицијата.

    Во партиската реакција детално се анализира начинот на кој била водена истрагата за тендерот вреден милиони евра.

    „Овој коалициски тандем, кој не е во собраниски клупи туку во обвинителството, пред неколку дена донесе скандалозна одлука да се стопира постапката за случајот тежок 176 милиони евра за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино иако постојат сериозни сомнежи и индиции за голем криминал и корупција, перење пари и загадување на животната средина… Од демантот на ЕСМ јасно може да се види дека обвинителите Абази и Коларевиќ повеќе се занимавале со земање на изјави од некомпетентни лица, наместо сериозно да истражуваат и да обезбедат докази за оваа сомнителна набавка на мазут, вредна неверојатни 167 милиони евра.“

    Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека обвинителите намерно ги занемариле официјалните наоди на Државниот завод за ревизија од 2024 година, како и внатрешните извештаи на стручните лица од ЕСМ кои нотирале дефекти во термоцентралата поради лошиот квалитет на енергенсот.

    „Доказите постоеле, извештаите со констатирани сериозни забелешки и пропусти постоеле, само Абази и Коларевиќ не ги виделе. Којзнае, може намерно замижале за да не ги видат и одговорност да ги спасат Васко Ковачевски, Јахоски, Сулкоски, Капушевски, Адријан Муча и нивните партнери, сите до еден блиски на СДС и ДУИ. Затоа сметаме дека Абази и Коларевиќ не се достојни на функцијата да бидат во Јавното обвинителство за гонење на криминал и корупција, затоа што и двајцата имаат свои лични, семејни или политички долгови за нивниот кариерен напредок, а истите се поврзани со политичките партии ДУИ и СДС.“

    На крајот, од владејачката партија побараа итна институционална разрешница и ревизија на постапувањето на двајцата обвинители од страна на повисоките инстанци.

    „Уште еднаш го повикуваме Советот на јавни обвинители да се позанимава со овој случај, да го истражи работењето и постапувањето на Абази и на Коларевиќ во случајот „Мазут“ за да утврди кои намерни или, можеби, ненамерни пропусти се направени, со цел случајот да се затвори пред да стигне на суд. Целата вистина за овој случај од висок јавен интерес… мора да излезе на виделина.“

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.