Дека на СДС соопштенијата им ги пишува Башановиќ и неговиот ПР тим, во невнимание на СДС тоа им излезе на површина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Не им замеруваме, навистина во недостиг на аргументи, политика и визија, се занимаваат со работи кои не им се нивна работа.
Разликата е едноставна, Мицкоски си има заработено на чесен и транспарентен начин, а Заев и Филипче и нивните пајташи, дојдоа на власт, ја укродоа државата и си се амнестираа од одговорност.
До следно соопштение од Србија, размислете зошто имате само 460 делагати на конгрес од 740“, стои во соопштението.

