Најмалку 89 лица се повредени, од кои 11 директно, откако силен гром удри за време на политички собир во поддршка на поранешниот претседател Жаир Болсонаро во Бразилија. Инцидентот се случил на плоштадот „Прака до Крузеиро“ додека приврзаниците го чекале пристигнувањето на федералниот претставник Николас Фереира.

Според информациите од локалните власти, пожарникарите интервенирале на лице место, а 47 лица биле итно пренесени во болница. Иако повеќето се пуштени на домашно лекување, седуммина остануваат во болница во стабилна состојба. Видеата објавени на социјалните мрежи го забележале застрашувачкиот момент на ударот среде силен дожд.

Exit mobile version