Неколку делови на Грција денеска беа погодени од екстремни количини воден талог кој надмина 100 литри на метар квадратен, особено во североисточниот дел на земјата и на Пелопонез. Националната опсерваторија „Метео“ предупредува дека невремето е придружено со невообичаено висок интензитет на грмежи.

Сателитските снимки откриваат дека во текот на денот Грција била буквално прекриена со електрични празнења, чиј број достигнал над 43.000 до доцните попладневни часови. Обилните дождови и силните молњи го отежнаа сообраќајот, а метеоролошките станици продолжуваат да бележат рекордни нивоа на врнежи за овој период од годината.

Exit mobile version