ВМРО-ДПМНЕ продолжува со процесот на кадровско освежување, објавен повик за претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со процесот на кадровско освежување и катарза најавено од страна на претседателот проф. Д-р. Христијан Мицкоски. Во таа насока, а врз основа на Статут од денес се распишува јавен повик за кандидирање на Претседател на Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие во прилог го испраќаат јавниот повик, како и потребната апликација во електронска форма. Огласот е активен до 14.09.2020 година, деталите околу огласот се содржани во јавниот повик.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ги охрабруваат сите членови на партијата кои ги исполнуваат условите да аплицираат и да дадат свој допринес во борбата за подобра иднина на нашата татковина. Процесот на освежување ќе продолжи во периодот пред нас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа