ВМРО-ДПМНЕ предложи и беше изгласан субвенции на градот Скопје за ранливи категории, Левица, ГРОМ беа против

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија предложи и беше изгласан амандман со кој се овозможува доделување на еднократна парична помош за субвенционирање на  дел од потрошената електрична енергија за социјално  ранливи категории на граѓани,  ученици и студенти од социјално загрозени семејства, самохрани родители, деца без родители и пензионери со минимални примања, информираат од опозициската партија.

Со оваа одлука се утврдува доделување на еднократна парична помош за субвенционирање на дел од потрошената електрична енергија за социјално ранливи категории на граѓани.

„На јавен повик во кој ќе бидат утврдени категориите, ќе бидат опфатени и условите кои треба да се исполнуваат за субвенционирање на дел од потрошената електрична енергија за социјално ранливи категории на граѓани, а на кои ќе им биде доделена еднократна парична помош во износ од 1.100,00 ден. за изминат месец.

Против оваа одлука освен Арсовска беа советниците од Левица, Александар Трајановски од ГРОМ и советничката Ирена Попова“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

28.11.2022 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега