Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија: Фудбалер пронајден мртов во шума

    20.02.2026 во 17:44

    Хаос околу тренерките во училиштата во регионот: Еве кога учениците ќе бидат исфрлени од училница

    20.02.2026 во 17:40

    Голем удар за Белата куќа: Врховниот суд на САД ги поништи царините на Трамп

    20.02.2026 во 17:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Трагедија: Фудбалер пронајден мртов во шума
    • Хаос околу тренерките во училиштата во регионот: Еве кога учениците ќе бидат исфрлени од училница
    • Голем удар за Белата куќа: Врховниот суд на САД ги поништи царините на Трамп
    • Еве кој може да смета на речиси 1.500.000 динари: Српската влада усвои уште една програма за поддршка
    • СДСМ: Извинување до Орце Ѓорѓиевски
    • (ФОТО) МВР со шокирачки детали за планираниот масакр во Македонија: Терористот спремал над 600 куршуми, ножеви, автоматски пушки и панцири
    • Неверојатна измама во Неготино: Mу оставил заклучена чанта со катанец, а му зел 4.000 евра
    • Падна Италијанец на Табановце: Се обидел да внесе цел арсенал оружје во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Последните 4 години Општина Бутел доживеа инфраструктурен бум

    ВМРО-ДПМНЕ: Последните 4 години Општина Бутел доживеа инфраструктурен бум

    09.10.2025 во 10:28
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Последните 4 години Општина Бутел доживеа инфраструктурен бум, актуелниот градоначалник Дарко Костовски изминатите 4 години реализираше дури над 90 проценти од својата програма, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Дополнително во Бутел се реализираа повеќе од 70 проекти кои не беа дел од програмата, што само покажува и докажува дека Костовски ги слуша барањата на граѓаните и работи во нивен интерес.

    Општина Бутел мора да продолжи да се гради и развива во модерна и урбана општина.

    Затоа во програмата за претстојните локални избори, е предвидено изградба на две основни училишта во Љубанци и Љуботен, каде што на учениците ќе им се обезбедат соодветни услови за следење на наставата.

    Покрај ова предвидена е изградба на прва детска инклузивна градинка со капацитет за сместување на 120 дечиња, како и други две градинки во Радишани и Визбегово.

    Понатаму, покрај изградба на нови мега паркови, две основни училишта, кружен тек на улицата Бутелска со улицата Александар Урдаревски со што ќе се намали сообраќајниот хаос, ветуваме изградба на затворен пливачки базен во дворот на ООУ Св. Климент Охридски, асфалтирање на улици, се обврзуваме на изградба на противпожарен пункт, како и изградба на пазар во населено место Радишани.

    За сето ова да се реализира потребна е поддршката од граѓаните на Општина Бутел, на 19 октомври да излезат и да го дадат својот глас за број 9 за Дарко Костовски и советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

    Бутелчани заслужуваат подобра иднина. Општина Бутел мора и ќе продолжи да се развива во модерна и урбана општина, со проекти и визија.

    Посветеноста и домаќинското работење носат резултати. Затоа вистинскиот избор е бројот 9, за твојот човек, твоето место, за твојата иднина“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Популарно

    „Сејф Сити“ не простува: Казна од 45 евра ако влезете на зелено, а останете заглавени среде крстосница

    19.02.2026 во 23:16

    СДСМ: Сопругата на Орце Георгиевски со чанта од 30.000 долари?

    20.02.2026 во 14:33

    Тешка сообраќајка во Скопје: Мотоциклист повреден по удар од отворена врата на Пежо

    19.02.2026 во 23:13

    УХМР со најава: Ќе истури дожд

    20.02.2026 во 08:00

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.