Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЈОРМ: Се вршат претреси во службени простории во МВР
    • Евро банкнотите добиваат нов изглед
    • Сопругата ме натепа мене и малолетниот син – Семејна драма во Берово
    • Кривична пријава за тетовчанка: Физички го нападнала своето четиригодишно дете
    • Скопјанец забележал дупка на капак од буре во дворот, кога го отворил внатре имало зрно од огнено оружје
    • Две лица кривично ќе се гонат за убиството на 26-годишното момче во Скопје
    • Филипче: Вака веќе не се живее – пак поднесуваме Закон за 600 евра минималец
    • Откажан најавениот протест на превозниците на границите со ЕУ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: По сајбер-нападот врз ФЗО, СДС сега се противи на поголема заштита на податоците

    ВМРО-ДПМНЕ: По сајбер-нападот врз ФЗО, СДС сега се противи на поголема заштита на податоците

    31.08.2026 во 09:272 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Талогот на СДС и Венко Филипче продолжуваат со неодговорното политикантство и со критики кон проекти од стратешко значење за иднината на државата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    -Развојот на индустријата поврзана со дата центри е светски тренд и значаен дел од дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста. Наместо да го поддржи развојот и заштитата на дигиталната инфраструктура и развојот на индустријата која е иднината, Филипче и СДС повторно се поставуваат против интересите на граѓаните и државата. Македонија веќе има секундарен дата центар во Прилеп, кој има важна улога во обезбедувањето резервна инфраструктура и податоци. Тоа значи дека сега секоја институција сама наоѓа начин како да ги чува податоците и во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, тие се чуваат во секундарниот дата центар. Но, на државата ѝ е потребен и основен, примарен национален дата центар, преку кој ќе се обезбеди сигурно и централизирано чување на податоците на сите државни институции, велат тие.

    Додаваат дека во делот на Реформската агенда со Европската Унија, Македонија има проект за изградба на националниот дата центар и за неговата реализација се предвидени европска финансиска и техничка поддршка, а обврска на државата е да го изгради овој основен дата центар, што ќе значи современа примарна инфраструктура за безбедно чување на податоците.

    -Ова значи поголема заштита на податоците на граѓаните и институциите, поголема отпорност на сајбер-напади и посигурни државни системи. Токму заради ова СДС и Венко Филипче, како поранешен министер за здравство, треба да бидат првите кои ги поддржуваат ваквите проекти кои ја зголемуваат сајбер безбедноста, ги штитат податоците, а воедно значат и развој на една индустрија која чекори кон иднината. Така, сите паметиме, како за време власт на СДС, системот на Фондот за здравствено осигурување беше цел на сериозен сајбер-напад, по што граѓаните се соочија со проблеми при остварувањето на своите права, исплатата на породилно, рефундацијата на средства за лекови и други услуги. Денес, наместо да извлечат поука од сопствените пропусти, СДС и Филипче се противат на изградба на инфраструктура која треба да спречи вакви ситуации во иднина и ќе донесе развој на државата, велат од владејачката партија.

    Додаваат дека јасно е дека СДС продолжува да се спротивставува на проекти што носат европски стандарди, дигитализација, инвестиции и поголема безбедност за граѓаните.

    -Македонија мора да оди напред, а примарен национален дата центар е инвестиција во дигиталната иднина, сајбер-безбедноста и заштитата на податоците на граѓаните и државата, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Сали во Братислава се сретна со Бланар: Поддршката од Словачка е значајна за европскиот пат

    11.09.2026 во 13:00

    Лукаревска побара одговорност од Јаневска за хаосот со наставата во ООУ „Киро Глигоров“

    11.09.2026 во 12:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.