ВМРО-ДПМНЕ: Народот не прифаќа бугаризација, власта да се откаже од туркање на анационалниот предлог
ВМРО-ДПМНЕ порача дека народот не прифаќа бугаризација и порача власта да се откаже од туркањето на францускиот предлог.
„Предлогот на Ковачевски не ја води Македонија напред. Државата ќе тоне затоа што нема да напредува според Копенхашките критериуми, туку според уцените за бугаризација, кои се со цел целосна асимилација на народот.
Академската заедница, новинарите, колумнистите, целата јавност се против предлогот, само Ковачевски и власта се за.
Ковачевски да не се плаши, и да го отфрли предлогот.
ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи ништо што е спротивно на македонските национални интереси, затоа во 19 часот да излеземе на протест пред Влада, потоа продолжуваме со марш по мостот Гоце Делчев, преку зградата на МНР до Собранието. Повикуваме на мирно и достоинствено протестирање. Да кажеме УЛТИМАТУМ, НЕ - БЛАГОДАРАМ“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа