Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош
    • Вработениот го фатил како краде, па му одговорил со тупаници – апсење на Бит Пазар
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и се случува градежен бум невиден во поновата историја на државата

    ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и се случува градежен бум невиден во поновата историја на државата

    08.07.2026 во 09:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија забрзано инфраструктурно се гради и се развива. Нема дел од државата каде не се инвестира и не се гради некој капитален инфраструктурен проект, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

    -Со засилено темпо се реализира поставената цел и визија, Македонија да стане клучна сообраќајна крстосница во балканскиот регион. Од следниот месец ќе почнат градежните активности за изградба на долгонајавуваната автопатска делница Скопје-Блаце, преку која Македонија ќе има пристап до пристаништата во Црна Гора и Албанија и ќе ја поврзе со соседно Косово. Додека за овој автопат само се даваа празни ветувања и се купуваа парцели вдолж предвидената траса од одредени лица со сомнителна позадина и лица поврзани со некои политички партии, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потпиша договори, обезбеди финансиски средства, избра консултант и изведувач, а надзорот е во процес на евалуација, велат од владејачката партија.

    Според нив, интензивно се работи на целосно завршување на останатиот дел од автопатот Охрид-Кичево по кој веќе се вози на 37 километри од самата делницата, а на почеток од 2027 се очекува целосно да биде пуштен во употреба.

    -На оваа автопатска делница, за две години се решија голем број наследени проблеми, се потпиша Анекс на договорот со кој се засилува динамиката на изградба и се смени Правилникот за технички услови со што се смени рецептурата на асфалтот за да може да се продолжи со завршно асфалтирање и со т.н. галерии се најде решение и за косините. Од друга страна, со полна пареа се работи и на автопатиштата кои се дел од Коридорите 8 и 10Д. И таму се решаваат наследените нерешени проблеми, како што е експропријацијата и на терен се забележува голем напредок. Ваквото инвестирање во патната инфраструктура доведе до тоа, во Македонија да се случува голем градежен бум невиден до сега во поновата историја на државата, велат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.