Опозицијата ги повторува бугарските позиции и директно ги загрозува државните интереси со поддршка на актуелната преговарачка рамка, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Според владејачката партија, инсистирањето дека подобри услови за преговори со Европската Унија се неостварливи е главната причина поради која земјата останува блокирана на својот европски пат.

„Филипче постојано повторува дека подобра преговарачка рамка немало. Но токму таа преговарачка рамка е она што ја држи државата заглавена пред вратата на ЕУ, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, кое МИА го пренесува интегрално. Филипче препишува од тетратката на Румен Радев и на Петрова Чамова и ја повторува тезата дека бугарското барање е европска позиција а не билатерален спор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, најавените стратегии на опозицијата за враќање на власт директно предвидуваат исполнување на барањата на Софија преку внесување на Бугарите во Уставот, што претставува продолжување на досегашните политики.

„Потоа се жали по јавни настапи дека некој му го урнал угледот, никој не му го урнал ниту нему ниту на СДС, освен тие самите преку стабри здравство и марихуана економија. Па сега, по сите капитулантски договори, Филипче најавува и нов мастер план. Мастер-планот на Филипче е да дојде на власт по секоја цена, да им го исполни барањето на Бугарија со впишување Бугари во Уставот и да го заврши она што го почна Заев. Значи, мастер-планот кој го најавува вклучува нова отстапка на штета на националните интереси. А секако Филипче, како другар на Радев, сега молчи за моштите на Цар Самуил, и се обидува да ја префрли топката на историчарите“, велат оттаму.

Exit mobile version