Петмина јавни обвинители со различно професионално искуство влегуваат во трката за наследник на Ислам Абази, со оглед на тоа што мандатот на шефот на Обвинителството за организиран криминал и корупција завршува наскоро. Гласањето за избор на неговиот наследник е закажано за 28 октомивр, а обвинителите ќе гласаат непосредно и тајно.

На официјалната кандидатска листа објавена од Советот на јавните обвинители, во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. 

Фатон Азизи веќе две години е дел од ОЈОГОКК. Бил дел од предметите „Адитив“, „Ботокс“ и „ФФМ“. Во програмата, како приоритети ги посочил зајакнувањето на истражните капацитети, финансиските истраги, дигиталната форензика и подобрата соработка меѓу институциите.

Трајче Пеливанов во моментов е обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Претходно работел во Специјалното јавно обвинителство, а во 2022 година привремено раководеше со Обвинителството за организиран криминал, по суспензијата на тогашната шефица Вилма Русковска. Тој го истакнува своето професионално искуство, додека програмата за раководење сè уште е во подготовка.

Лидија Раичевиќ е јавен обвинител од 2003 година, а во периодот од 2014 до 2018 година работела во Обвинителството за организиран криминал. Сега е дел од Основното јавно обвинителство Скопје.

Искра Хаџи Василева веќе работи во обвинителството за чие раководење конкурира. Меѓу предметите по кои постапува е и случајот против апелацискиот судија Ѓоко Ристов.

Петтиот кандидат, Јован Цветановски, е обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје и има повеќе од 25 години професионално искуство. Во јавноста е познат и по постапувањето поврзано со предметот „Мазут“.

Exit mobile version