Граѓаните го користат продолжениот викенд по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, а добрата вест е што следниот неработен ден за сите доаѓа за помалку од две недели.
Бидејќи празникот оваа година се паѓа во недела, понеделник, 12 октомври, е неработен ден за сите граѓани. Со тоа се отвора можност за продолжен викенд и краток одмор пред враќањето на секојдневните обврски.
Но, октомври носи уште еден неработен ден. На 23 октомври, петок, се одбележува Денот на македонската револуционерна борба, што значи дека граѓаните повторно ќе имаат можност за продолжен викенд.
До крајот на 2026 година останува и 8 декември – „Св. Климент Охридски“, кој се паѓа во вторник и е неработен ден за сите граѓани.
Така, по актуелниот продолжен викенд, следниот неработен ден е на 23 октомври, а потоа следува празникот во декември. Ова се преостанатите неработни денови за сите граѓани до крајот на годината, според календарот на празници.
За оние што планираат патување или краток одмор, дпразниците се добра можност однапред да ги организираат слободните денови.


