МВР детално ќе го расчисти случајот во кој две момчиња биле претепани од полициски службеници на почетокот на неделата.
Како што дознава Press24 од полициски извори, случајот нема меѓуетничка компонента имајќи предвид дека и полицискиот службеник кој постапувал но и момчињата кои пријавиле насилство се етнички Албанци.
Нашиот полициски извор вели дека првичните анализи покажале дека полицаецот, инаку вработен во крим полиција најверојатно ги пречекорил своите полициски овластувања, па според се уште неофицијалните информации, се очекува МВР против него да изрече соодветни санкции.
Случајот го отвори партијата ДУИ која во писмено соопштение побара одговорност. МВР и официјално потврди дека внатрешната контрола работи на овој случај и дека по завршувањето на истрагата ќе има соодветна постапка.

Exit mobile version