ВМРО-ДПМНЕ: Корона заразата премина во фијаско и убедливо најлошо се справува Филипче со неа

Наместо Венко Филипче да дава апели со граѓаните, граѓаните апелираат до Филипче сериозно да ја сфати улогата и да превземе мерки против корона заразата, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на интервјуто на министерот Филипче во емисијата „Само Вистина“.

Според партијата, корона заразата премина во фијаско и државата споредено со сите околни земји убедливо најлошо се справува со короната.

-Филипче, Заев и Спасовски беше триото кое прогласи победа против пандемијата која од тогаш до сега одзема стотици животи.  Наместо ПР Филипче преку државните механизми да превземе мерки за ублажување на последиците. Темата корона Филипце исто како и Заев ја користи за ПР и себепромоција иако резултатите се поразителни. Филипче е во право кога вели дека вирусот не познава возрасни граници но воедно и популизмот и неспособноста на Филипче исто не познаваат граници, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа