Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не сака Македонија да успее, затоа бара уставни измени

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не сака Македонија да успее, затоа бара уставни измени

    07.06.2026 во 10:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС и Венко Филипче не можат да ја скријат нервозата, па се претворија во бугарска испостава, обвинуваат утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

    СДС и Филипче не можат да го прифатат фактот што државата конечно има државничка Влада која ги штити државните интереси и забележува позитивни резултати, и на внатрешен и на меѓународен план.

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека Македонија може да води европска политика без понижување, без тргување со идентитетот и без прифаќање диктати на штета на македонските национални интереси.

    Тоа му предизвикува голема нервоза на Филипче, продолжената рака на Зоран Заев кој е познат по најголемите национални предавства, па сака да го надмине неговиот ментор, па секој ден бара уставни измени и со тоа и редефинирање на историјата.

    Само во една недела Македонија доби признание за двегодишната посветена работа на Владата и силна потврда за правилната насока во која се движи државата.

    Прво, претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, од Скопје испрати јасна порака дека државата има видлив напредок во исполнувањето на Реформската агенда, па потоа следеше изборот на Македонија за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК, за периодот 2027-2029 година.

    Ова се случува прв пат од независноста на Македонија и е сериозен дипломатски успех што претставува доверба, препознаен капацитет и меѓународна потврда за државата.

    Паралелно со тоа, се усвои нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, кој испраќа важна порака дека државата останува јасно препознаена како европска држава која е посветена на реформите, регионалната стабилност и партнерството со ЕУ и НАТО.

    А, тука не смее да го заборавиме и завршувањето на пост-мониторингот процесот со Советот на Европа, со што се потврдува дека Македонија ги исполнува сите демократски капацитети.

    Голема и јасна е разликата меѓу СДС на Заев и Филипче и ВМРО-ДПМНЕ. Македонија со ВМРО-ДПМНЕ на власт е држава која гради партнерства, добива доверба и испорачува резултати, за разлика од СДС и Филипче кои спроведуваат туѓа агенда.

    Додека владата ја позиционира Македонија како достоинствена и почитувана европска држава, Филипче е спремен на се само некој да го донесе на власт, па затоа повеќе дури и од Бугарија, бара уставни измени.

    Државата оди напред, достоинствено се претставува и се развива, само на СДС и Филипче, кои не сакаат државата да успее, тоа им смета, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ испратена до медиумите.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.