Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во речиси сите европски градови расте бројот на смртни случаи поради жештините
    • ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на Старлинк за Украина
    • Принцот Хари сака да се смири со кралското семејство
    • Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави
    • „Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага
    • Во Словенија на сите вработени ќе им биде исплатен божиќен бонус
    • Ким Кардашијан се маскираше во својата ќерка Норт за Ноќта на вештерките
    • Историска казна за „Мета“: Суд во САД изрече глоба од 25 милијарди долари поради приватноста на Фејсбук
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја продолжува антидржавната политика на Заев како лобист на бугарската агенда

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја продолжува антидржавната политика на Заев како лобист на бугарската агенда

    16.05.2026 во 10:073 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Во партиското соопштение, кое МИА го пренесува интегрално, се тврди дека опозицискиот лидер ја продолжува линијата на својот претходник во партијата.

    „Таму каде што Зоран Заев застана со антидржавната политика, сега продолжува Венко Филипче. Со прифаќањето и потпишувањето на капитулантските договори, Заев почна да го брише терминот „македонски“, додека Филипче чувар на заевата фотелја во СДС, спремен е да ја впише непостоечката и навредлива за нас Македонците придавка, „северномакедонски“. СДС и Филипче, не само што немаат проблем што дел од соседите не нарекуваат со тој термин, туку тие се горди на своето дело и за нив тоа претставува и голем успех.“

    Од партијата понатаму прават директна компарација со актуелните бугарски власти и додаваат дека опозицијата не реагира на негирањето на македонскиот идентитет.

    „Како пиун на новиот бугарски премeр, Румен Радев, како некогаш Заев на Борисов, Филипче и неговата СДС немаат проблем да водат антинационална и антидржавна политика, која е во интерес на бугарските власти. Само за нив, нема ништо лошо Бугарија да го негира нашето постоење пред 1944 година, нашите револуционери и дејци да бидат нивни и нашиот македонски јазик да го сметаат за дијалект на бугарскиот јазик. Ова негирање СДС и Венко Филипче дури и не го ни гледаат.“

    ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ставовите на СДСМ се целосно усогласени со официјална Софија и упатува прашања до Филипче за наводни уцени.

    „Како приврзаник и послушник на Радев, Филипче и СДС се единствените кои повикуваат прифаќање на бугарскиот ултиматум и бараат итно спроведување на уставните измени… Ова само докажува дека СДС и Венко Филипче се на иста линија со Бугарија, барањата, ставовите и речникот им се исти. Нема разлика меѓу официјална Софија, СДС и Филипче. Вака отворено против својата држава и народ може да делува и работи само уценет политичар… Филипче молчи и одговара со што толку е уценет од група бугарски политичари за вака антидржавно и антинародно да се однесува, и дали во оваа уцена е вклучен и неговиот ментор, Зоран Заев.“

    На крајот од соопштението, владејачката партија повикува на градење заеднички став во однос на евроинтеграциите, но под јасни услови.

    „Кога веќе Филипче не одговара на прашањата, му упатуваме апел да се вразуми и да почне да работи и делува во заштита на македонските интереси, а не како до сега главен лобист на бугарската агенда. На Македонија и се потребни јасни гаранции дека уставните измени ќе бидат последното барање и последната отстапка што државата ќе ја направи на евроинтегративниот пат и тоа може да се постигне само со национален консензус на сите домашни политички чинители. Влезот на Македонија во ЕУ треба и мора да биде достоинствен, како што прилега на една горда и исправена држава, со исполнети Копенхашки критериуми, а не понижена со национални и идентитетски отстапки.“

    Прочитај повеќе

    Пренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сцена

    21.10.2026 во 19:30

    Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос

    21.10.2026 во 15:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.