Close Menu
    Најново

    Невреме во Франција: Евакуирани десетици луѓе во Монпелје, градот е под вода

    22.12.2025 во 16:43

    Почнаа гужвите на границите: Над 36.000 македонски државјани се вратија дома за викендот преку Табановце

    22.12.2025 во 16:26

    МОН: Потпишан договор за соработка во образованието и науката со Турција

    22.12.2025 во 16:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Невреме во Франција: Евакуирани десетици луѓе во Монпелје, градот е под вода
    • Почнаа гужвите на границите: Над 36.000 македонски државјани се вратија дома за викендот преку Табановце
    • МОН: Потпишан договор за соработка во образованието и науката со Турција
    • (ВИДЕО) Скандал на новогодишна прослава во регионот: Гостите се соблекувале голи, музилар завршил со скршеници, посекотини и модринки
    • Минималецот ќе расте во март: Еве за колку денари ќе се зголемат платите на работниците
    • Божиновска смирува: Нема да има криза, државата има резерви на мазут
    • Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје се нормализира, откажани осум летови
    • МВР: Имаме најголема доверба меѓу граѓаните за справување со корупцијата
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е синoним за пропаста на СДС

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е синoним за пропаста на СДС

    07.11.2025 во 09:31
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Венко Филипче е синoним за пропаста на СДС, по историскиот пораз на СДС каде партијата доживеа најтежок изборен дебакл и ја изгуби доминантната опoзициска позиција по што стана петта сила во Скопје, а трета на државно ниво, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Одговорноста за дебаклот на СДС има име и презиме, Венко Филипче, кој како лидер на СДС под менторство на Зоран Заев ја доведе СДС до раб на исчезнување на политичкиот спектар.

    Венко Филипче наместо да го релативизира и минимизира поразот треба да си поднесе оставка. Под водство на Филипче кој делува како продолжена рака на Заев СДС наместо промени и реформи стана синоним за расипништво, каде тандемот Филипче и Заев се луксузира на скапи одмори, јахти, поседува милионски имоти и инвестира во Дубаи.

    Со само 126 илјади гласа и 6 општини СДС доживеа потоп. Народот ги казни ароганцијата, расипништвото и лажниот морал. СДС заборави на реaлните проблеми на граѓаните, партијата се оддалечи од народот и стана затворен елитен клуб кој мисли само на личните привилегии.

    СДС е се уште под диктат на Заев, Филипче не се дистанцира од штетните политики на Заев, неместо реформи во СДС се прават козметички потези и се штити раководството. Итна оставка на Филипче и длабоки внатрешни реформи се единствениот начин СДС да преживее на политичката сцена.

    За здрав демократски систем потребно е СДС да се ослободи од менторството на Заев и штетните политики на Филипче за конечно да стане конструктивна и одговорна опозиција. Македонија има потреба од силна, чесна и одговорна опозиција.

    Додека СДС тонат во хаос и лични пресметки, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на народот, на реформите и на иднината на Македонија“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Популарно

    (ВИДЕО) Скандал на новогодишна прослава во регионот: Гостите се соблекувале голи, музилар завршил со скршеници, посекотини и модринки

    22.12.2025 во 16:06

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    17.12.2025 во 09:44

    Минималецот ќе расте во март: Еве за колку денари ќе се зголемат платите на работниците

    22.12.2025 во 15:32

    Грците тестираат специјални сообраќајни камери, ловат се „живо“: За 4 дена регистрирани повеќе од 2.000 прекршоци

    22.12.2025 во 09:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.