ВМРО-ДПМНЕ: Единствен стратешки интерес на владата на СДС и ДУИ е криминалот, а не изградбата на коридорите 8 и 10д

 

Владата на СДС и ДУИ го девалвира собранието и го користи за одобрување на криминалот и корупцијата, ова преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со гласањето по измените на пакетот закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д

„Владејачкото мнозинство на СДС и ДУИ денеска со злоупотреба на европското знаменце и гласање на измените на седум закони повторно покажа дека работи на штета на граѓаните. Со гласање на измените на Законот за работни односи, Законот за експропријација, Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, пратениците на владејачкото мнозинство и коалицијата станаа директни учесници во криминалот и корупцијата на владата на СДС и ДУИ. СДС и ДУИ работата само на штета на граѓаните. СДС и ДУИ се крајно безобразно и свесно се впушта во историски криминал“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека денеска цела јавност виде дека кога станува збор за криминал владата на СДС и ДУИ поддржана од цело владино мнозинство е спремна на се.

 

-Стратешки интерес на владата на СДС и ДУИ е исклучиво криминалот, провизиите, тендерите и милионските бизниси, а не изградба на коридорите 8 и 10д. Многу брзо од денес доаѓа казната од граѓаните, а потоа и одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

26.05.2023 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега