Николова: Новата концепција за гимназиско образование е закана за младите
Несоодветната Концепција на власта за гимназиско образование е закана за иднината на младите, вели пратеничката од СДСМ, Даниела Николова.
Според неа, предложената Концепција за гимназиско образование од страна на министерката Весна Јаневска е на директна штета на учениците и наставниот кадар.
„Од предложената Концепција, се забележува дека реформите се предложени без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието. Апелираме да се вразуми министерката Јаневска, да отвори Јавна дебата, да ги земе во предвид сите мислења, да направи сериозна анализа, а не онлајн анкети, за да се избегнат сериозни последици по образованието на младите. За жал, наместо унапредување на критичкото размислување, предметите како Филозофија, Социологија, Педагогија, Логика и Етика се маргинализираат или целосно се укинуваат. Нашето образование мора да едуцира млади луѓе кои ќе знаат како да размислуваат, а не што да мислат. Едноставно не сакаме да мислиме дека на една министерката за образование и пречи развојот на критичката мисла, па затоа сака да ја оневозможи“, рече Николова.
СДСМ предлага да се земат во предвид сите забелешки на стручната фела, на наставниците чии рекации веќе се актуелни во јавноста и во интерес на учениците да им даде соодветно место на наставните предмети од корпусот на општествено-хуманистичките области.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа