По најавите за бојкот - Дел од маркетите во Македонија почнаа со акции
По најавите за бојкот на големите маркети во Македонија на 31 Јануари, дел од нив веќе почнаа со акции за граѓаните.
КАМ е еден од маркетите кои на своиите социјални мрежи објавија дека граѓаните треба да побрзаат да купат производи, по како што велат многу ниски цени.
- Посетете нè и пронајдете ги вашите омилени производи по неверојатно ниски цени! Побрзајте! Количините се ограничени, а понудата важи додека траат залихите. Не пропуштајте ја шансата да заштедите! Посетете нè уште денес и зграпчете ги најдобрите понуди!, стои во објавата на КАМ на социјалната мрежа Фејсбук.
Инаку, како што веќе објавивме, за петок е најавен голем бојкот на големите маркети поради зголемувањето на цените на производите.
- „Повикуваме на масовен бојкот во петок. Воздржете се од купување во големите маркети, избегнувајте ги помалите маркети. Сакаме да испратиме порака дека граѓаните нема да ги толерираат овие нереални поскапувања,“ велат организаторите на бојкотот на социјалните мрежи.
Освен во Македонија и во БиХ граѓаните најавија бојкот на супермаркетите и продавниците за 31 јануари, а слични повици има и во Црна Гора.
Хрватска која веќе организираше протести за големите цени во маркетите е инспирација за овие повици.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа