ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да се согласи и уставните измени да стапат во сила кога Македонија ќе влезе во ЕУ
ВМРО-ДПМНЕ ги поздравува ставот и подготвеноста на ДУИ за одење во опозиција, која доаѓа по денешниот настап на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски.
„Останува уште ДУИ, освен за опозиција, да се согласи за одложена примена на измените сè до периодот на влез на Македонија во ЕУ откога ќе се увериме дека нема други условувања за македонскиот идентитет. Сакале нејќеле в година ДУИ ќе биде опозиција, но добро е што стануваат свесни“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно, ДУИ порача дека е подготвена да оди во опозиција ако ВМРО-ДПМНЕ ги поддржи уставните измени, но интегративците бараат уставните измени да стапат во сила пред формирањето на таа влада.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа