Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • По топлите денови – нагло заладување: Следната недела доаѓа студен бран, температурите во пад
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Донесовме инвестициски циклус од 1,255 милијарди евра и економски раст

    ВМРО-ДПМНЕ: Донесовме инвестициски циклус од 1,255 милијарди евра и економски раст

    19.06.2026 во 09:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, ВМРО-ДПМНЕ донесе стабилност, развој и конкретни резултати кои денес ги чувствуваат граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    „За две години ВМРО-ДПМНЕ покажа што значи одговорно и посветено владеење базирано на резултати.

    Со историски рекордни 1,255 милијарди евра инвестиции и најсилниот инвестициски циклус во поновата историја, Македонија повторно се гради и се развива.

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во моментот работи на реализација на шест нови автопатски делници кои треба да бидат завршени до крајот на 2027 година, а во следната деценија се предвидени 10 милијарди евра капитални инвестиции во патната и железничката инфраструктура.

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите, затоа што тие се иднината на Македонија. Се обновуват студентски домови, се обезбедија ваучери за електронски уреди. Се отвораат можности за нови бизниси и создаваат услови младите својата иднина да ја гледаат и градат дома.

    Доделени беа 55,000 ваучери за електронски уреди во вредност од 250 евра, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис со Оперативниот план за 2025 година, а тоа ќе продолжи и оваа година, доделени беа 10 илјади евра за млади земјоделци, се прошири опсегот за субвенционираниот студентски оброк. Ова се показателите дека Владата се грижи за младите да можат да градат иднина дома.

    Во изминатиот период се зголемија платите и пензиите, ја зајакнувме економијата и седум квартали по ред бележиме економски раст над 3 проценти. Истовремено градиме нови градинки, училишта, здравствени установи, спортски сали и патишта, додека враќаме наследени долгови во просек од над 2 милијарди евра годишно.

    ВМРО-ДПМНЕ докажа дека знае како да работи за државата и граѓаните. Докажа дека националните интереси немаат цена и дека Македонија може да има власт која не капитулира кога се во прашање достоинството, идентитетот и интересите на народот.

    Денес Македонија не стои во место. Македонија се движи напред. Македонија забрзува.

    Македонија забрзува а тоа е и наша обврска да продолжиме уште посилно, уште поодлучно и уште поодговорно да работиме за повисок животен стандард, силна економија, нови можности и модерна европска Македонија.

    Резултатите се видливи. Разликата е очигледна. Македонија забрзува“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.