Close Menu
Press24
    Најново

    Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен

    29.10.2026 во 22:29

    Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее

    29.10.2026 во 22:20

    Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени

    29.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Бројот на жртвите од железничката несреќа во Шпанија се искачи на 74, истрагата ги утврдува причините
    • Ја бранел ќерка си од бившиот партнер, па завршил избоден – хорор во соседството
    • Почина легендарниот актер Патрик Стјуарт
    • 22-годишник уапсен во близина на Милано под сомнение за тероризам: Под истрага е планирање напади врз синагога и џамија
    • „Никој да не го заборави тоа“: Путин ја предупредува Европа на опасно сценарио
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата ќе тргнеме во одлучна акција

    ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата ќе тргнеме во одлучна акција

    23.09.2025 во 19:101 Min Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со судството и обвинителството во Македонија раководи кланот Заеви и кланот Ахмети. Тие се директните виновници кои држат судии и обвинители затоа што се уплашени поради криминалот кој го имаат направено. Затоа секој случај кој ќе почне завршува со неуспех, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Затоа секоја пријава на МВР или докази или допрен глас и укажување од Владата или јавноста за криминал на луѓе од СДС и ДУИ завршуваат без епилог, во нечија фиока или затворени се како случаи.

    Но, имаме една порака. Ако до Нова година не се смени ова и нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал на разни политичко мафијашки групации во земјава, ние ќе објавиме и тргнеме во одлучна акција и чекори кои тоа ќе го променат од корен.

    Укажувавме, повикувавме, апелиравме, молевме, но безуспешно.

    Народот е разочаран.

    Апатијата се зголемува. Довербата во правна држава ја нема. Надежта се губи.

    Нема да го дозволиме тоа. Ќе биде или тие или Македонија. Или тие сите криминалците без разлика на политичка и етничка припадност на една страна, или ние со народот на другата.

    Доаѓаат тешки моменти за корумпираните судии, обвинители, и политичари и бандити“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.