Владата, на предлог на Министерството за транспорт, донесе Одлука за ограничување на пловидбата на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, со цел зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата.

Мерката стапува на сила веднаш и ќе ги опфати клучните месеци од претстојната летна и есенска туристичка сезона.

„Од Министерството информираат дека мерката е насочена кон заштита на човечките животи, намалување на ризикот од несреќи и обезбедување непречено користење на езерските води во текот на летната сезона“, се наведува во соопштението.

Според одлуката, пловидбата на скутери ќе биде ограничена во периодот од 1 јули до 31 август 2026 година, секој ден од 11:00 до 19:00 часот.

Дополнително, воведени се и временски ограничувања за пловидба на чамци, кои започнуваат да важат веќе од утре.

Во периодот од 3 јуни до 31 август 2026 година чамците нема да смеат да пловат од 21:00 до 05:00 часот. Во септември забраната ќе важи од 20:00 до 06:00 часот, додека во октомври пловидбата ќе биде ограничена од 19:00 до 06:00 часот.

Транспортните власти најавуваат строга менаџирана контрола на трите природни езера во земјава со цел доследно спроведување на новите правила.

„Од Министерството за транспорт посочуваат дека надлежните служби ќе спроведуваат засилени контроли на терен, а за непочитување на ограничувањата ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законските прописи“, потенцираат од ресорот.

Институциите апелираат до граѓаните и концесионерите за одговорно однесување во водите.

„Воедно, се упатува апел до сопствениците и управувачите на скутери и чамци да ги почитуваат правилата за пловидба, безбедносните зони и насоките на надлежните органи, со цел безбедно користење на езерата во текот на туристичката сезона“, стои во известувањето.

Exit mobile version